3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ја предупреди Меркел: Украина ќе краде гас

Путин ја предупреди Меркел: Украина ќе краде гас

1379304980582abe7766a97892895521_w640

Претседателот на Русија Владимир Путин ја предупреди германската канцеларка Ангела Меркел дека Украина во текот на зимата би можела да зема гас кој е наменет за европските земји.

Путин во телефонскиот разговор со Ангела Меркел изјави дека опасноста од украинското „недозволено земање“ на руски гас со кој се снабдуваат европските потрошувачи преку транзитниот гасовод би можела да се зголеми, како се прогнозира, во текот на ладната зима, соопшти Кремељ.

Кремељ соопшти дека ЕУ и Русија ќе ги продолжат преговорите за тоа прашање.

Споровите меѓу Русија и Украина претходно доведуваа до прекин на испораката на гас, како што беше во 2009 година, кога сериозно беше нарушено снабдувањето на земјите на ЕУ со гас од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП