3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW го сели производството на Mini во Индија

BMW го сели производството на Mini во Индија

00-2013-mini-countryman

Автомобилите „Mini Countryman“ пред крајот на оваа година ќе почнат да излегуваат од производните ленти на „BMW“, но од фабриката на компанијата во Индија.

„BMW“ ја опиша Индија како „важен пазар“ за „BMW Group“ што и не e изненадување затоа што продажбата на автомобили во втората по големина земја со жители во светот значително расте и со тоа привлекува многу еминентни производители.

Сопствена компанија за продажба на возилата „BMW“ во Индија има од 2007-та година. „Mini“ на овој пазар започна да се продава минатата година и продадоа нешто повеќе од 300 возила од овој бренд.

Во „BMW“ велат дека преселбата на производството на „Mini“, кое моментално се врши во Велика Британија и Австралија, е резултат во стратегијата на пазарот.

Аналитичарите пак сугерираат дека преместувањето на производството на „Mini Countryman“ во Индија на „BMW“ ќе му помогне да заштеди во царините бидејќи Индија наплатува 100 проценти царина на увезени готови автомобили, додека даночната стапка за возила кои се составуваат во оваа земја со увезени делови изнесува 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП