26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индексот на прометот во индустријата

Раст на индексот на прометот во индустријата

Sisak 260906, Valjaonica cijevi Sisak za koju predsjednik uprave Damir Begovic kaze da tvornicu treba sto prije prodati. Pogon celicane. Foto : Miroslav Kis / Cropix

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 110.1.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2016, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 1.1%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 12.6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 11.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.0%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9%.

Индексот на прометот во индустријата во септември 2016 година, во однос на август 2016 година, изнесува 112.6, додека во периодот јануари-септември 2016 година, во однос на периодот јануари-септември 2015 година, изнесува 110.7.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2016 година е непроменет во однос на претходниот месец и изнесува 16,9 проценти, а во однос на октомври 2015 година е зголемен за 4.7 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2016, во однос на септември 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто ниво како во претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на октомври 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2016 година изнесува 65.8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.5%, недоволната домашна побарувачка со 20.4% и недостигот на квалификувана работна сила со 17.9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 1.0% на годишно ниво.

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.1%, во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.4%.

Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.3% и во секторот Преработувачка индустрија за 1.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.3%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.5% на месечно ниво, а за 2.0% на годишно ниво.

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.3%, а во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.

Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.8%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП