30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен индексот на цените во земјоделството за октомври

Објавен индексот на цените во земјоделството за октомври

земјоделско

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e на исто ниво, а кај аутпутот е намален  за 4.3%.

Во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 100.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.9.

Во делот аутпут, во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 96.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.2.

Откуп и продажба на земјоделски производи, тримесечни податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 1.2% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11.6%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 21.9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули, додека во август и септември е забележано опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП