21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Велика Британија нема план за Brexit

Владата на Велика Британија нема план за Brexit

brexit13333

Владата на Велика Британија нема сеопфатен план за излегувањето на земјата од Европската унија (ЕУ) и можно е стратегијата околу ова да не биде договорена ни во следните шест месеци, се наведува во документ од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, а во кој увид имале и ВВС.

Во документот се наведува дека кабинетот на Меј работи на 500 проекти кои се поврзани со Brexit и би можел да вработи уште 30 илјади службеници. Заедничката стратегија за напуштањето на ЕУ, како што стои во документот, се уште не е направена поради поделбите внатре во кабинетот.

Владата на Велика Британија соопштила дека „не ги препознала“ тврдењата од документот, а британскиот министер за транспорт Крис Грејлинг изјавил дека нема идеја од каде се појавил тој документ. Премиерката Меј се надева дека ќе кон крајот на март 2017-та година ќе го активира членот 50, кој го означува почетокот на формалното двегодишно повлекување на Британија од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП