2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезервирај.мк, виртуелен менаџер преку кој брзо и лесно ќе резервирате маса

Резервирај.мк, виртуелен менаџер преку кој брзо и лесно ќе резервирате маса

rezervirajmk333

Денес е лансиран, новиот македонски стартап, Резервирај.мк, виртуелен менаџер кој што ќе ви помогне брзо и лесно да резервирате маса на одреден настан во одреден локал. Тоа можете да го направите преку избирање на посакуваната маса од визуелна мапа на локалот, каде што бирате каде сакате да седите, или пак со пополнување на едноставен формулар. Веднаш потоа потврдата за вашата сигурна резервација ќе пристигне на вашата емаил адреса.

Дали некогаш сте се запрашале како можете да резервирате маса за одреден настан во некој локал? Или пак сте се нашле во непријатна ситуација додека сте го барале менаџерот на локалот на телефон? Од сега, сето тоа е минато. Резервирај.мк е новиот виртуелен менаџер кој што ќе ви помогне брзо и лесно да резервирате маса на одреден настан во одреден локал.

Зад Резервирај.мк стои тимот на младиот македонски стартап SolutionsBit кој постои нешто повеќе од пет месеци.

Тимот претходно неформално постоеше како Dream Killers, кога победи на технолошкиот маратон Codefest 2016. Ко-основачите на SolutionsBit Христиан Илиоски, Никола Кусибојовски, Васко Теохаров и Симеон Здравески велат дека се одлучиле за вакво решение, затоа што заклучиле дека постои проблем во организирањето на настаните во сите локали низ Македонија, а и пошироко низ Балканот.

„Целта е да им се помогне не само на корисниците кои ќе можат да проверат дали има слободно место и да си резервираат, туку и на локалите. Работата на локалите ќе биде поедноставна. Отсега ќе имаат веб платформа, преку која ќе можат да ги организираат настаните, да водат евиденција за резервациите, кои промоции ги нудат, колку гости присуствувале и се останато што на еден менаџер или сопственик на локал би можело да му биде од корист и би му ја олеснило работата“, изјавија од тимот.

Она што е најважно е дека нема да има ѕвонење по телефони и да паметат кој гостин каде да го сместат, или да водат одредени статистики на хартија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП