13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКол центарот на ФЗОМ контактирал 65.328 хронични пациенти

Кол центарот на ФЗОМ контактирал 65.328 хронични пациенти

sanja-minkova-i-orhan-ramadani-se-novite-v.d-direktori-na-fzom-233974

Фондот за здравство преку телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта досега контактираше 65.328 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.

„Иако голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил, има и осигуреници кои иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. На овие осигуреници во разговорите со нив, укажано им е од колкава важност за нивното сопствено здравје е да ги слушаат препораките на лекарите и да се однесуваат посовесно кон своето здравје, што ги засега и нивните најблиски“, се вели во соопштението од Фондот.

Понатаму се додава дека овие разговори се и можност осигурениците да прашаат и за други права од здравственото осигурување, што се во надлежност на Фондот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП