16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран и Русија преговараат за договор за оружје вреден 10 милијарди долари

Иран и Русија преговараат за договор за оружје вреден 10 милијарди долари

iran-rusija335

Иран преговара со Русија за купување на воена техника, која се проценува на околу 10 милијарди долари, изјави претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Федералниот совет Виктор Озеров.

Тој потсети дека санкциите против Иран официјално биле отстранети, што му овозможува на рускиот претседател да даде дозвола за набавка на системи за воздухопловна одбрана „S-300“.

„Истата резолуција на Советот за безбедност на ОН вели дека оклопни транспортери, авиони и хеликоптери можат да бидат обезбедени без дозвола на Советот за безбедност до октомври 2020-та година“, вели тој.

„Пакетот од договори кои биле дискутирани досега, и барањата на Иран се проценуваат на околу 10 милијарди долари. Тоа не е сума која ќе биде обезбедена во рамките на една година. Ќе потрае доста повеќе време“, рече Озеров.

Системите на оружје за напад може да бидат обезбедени само ако Русија или Иран побараат дозвола за тоа од Советот за безбедност, објасни тој.

„За сега нема такво барање, но работата на слични прашања продолжува. Ако САД и Европа не дозволат такво нешто, тогаш ќе треба да се вратиме на ова прашање во октомври 2020-та година, кога од формално правен аспект веќе нема да постои“, рече Озеров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП