17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit предизвика откажување на инвестиции во висина од 65 милијарди фунти

Brexit предизвика откажување на инвестиции во висина од 65 милијарди фунти

1456384094583

Одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија (ЕУ) предизвика многу британски компании да откажат, или пак, одложат инвестиции во вредност од 65 милијарди фунти.

Третина од илјадниците директори на британски компании кои учествувале во анкетата на Центарот за бизнис и економски истражувањата (CEBR) и компанијата Hitachi Capital, потврдиле дека одложиле или, пак, откажале инвестиции поради Brexit и пред сѐ поради промената на курсот на фунтата и неизвесноста во поглед на идните односи меѓу Британија и ЕУ, пренесува Танјуг.

„На основа на одговорите на бизнис лидерите за вредноста на инвестициите кои беа одложени поради Brexit, проценивме дека вкупната вредност на инвестициите кои се откажани и одложени поради одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ изнесува 65,5 милијарди фунти“, се наведува во соопштението од CEBR.

По референдумот кој беше одржан во јуни годинава, фунтата падна на седумгодишниот минимум во однос на еврото и на 31-годишниот минимум во однос на доларот.

Британската валута подоцна врати дел од загубата, откако лондонскиот врховен суд пресуди дека владата мора да побара „зелено светло“ од парламентот пред да ја започне процедурата за излегување на земјата од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП