23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најбогатите Британци?

Кои се најбогатите Британци?

usmanov1

Рускиот бизнисмен Алишер Усманов и Лен Блаватник, како и Индијците Шри и Гопи Хиндуј  ги завземаат првите три места на листата за најбогати луѓе во Велика Британија.

Оваа листа 25-ти пат по ред ја објавува неделникот Сандеј Тајмс.

Богатството на првопласираниот Усманов, кој е сопственик на компании за преработка на железна руда, бројни рудници и поседува 30 проценти од акциите на фудбалскиот клуб Арсенал, се проценува на 13,3 милијарди фунти (15,5 милијарди евра).

На второто место е Лен Блаватник, исто така Русин, сопственик на компанијата Ворнер Мјузик, со богатство од 11 милијарди фунти, а зад него на третото место се наоѓаат Индијците Сри и Гопи Хиндуј, семејни сопственици на глобалниот конгломерат Хиндуја групс, основани во Индија, а со седиште во Лондон.

Четврт е кралот на челикот Лакшми Митал, Индиец населен во Англија, сопственик на Арцерол Митал, најголемиот светски производител на челик.

Сопственикот на Челзи, рускиот бизнисмен Роман Абрамович се наоѓа на петтото место со 9,3 милијарди фунти.

Дури на осмото место на листата за најбогати Британци се наоѓа еден вистински Англичанец според раѓање, Џералд Кавендиш Гросвенор, шестиот полковник од Вестминстер, сопственик на Гросвенор групата.

На овогодишната листа има 88 милијардери, осносно 11 повеќе од минатата година. На првата листа на најбогатите Британци, која Сандеј Тајмс ја објави во 1989 година, најбогатата личност во Обединетото Кралството беше кралицата Елизабета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП