9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во Германија забавува во третиот квартал

Економскиот раст во Германија забавува во третиот квартал

deinfo

Германскиот економски раст забавува во третиот квартал до најбавната стапка од пред една година, потсетувајќи колку кревка е обновата во еврозоната во време на зголемување на несигурност, соопштува „Bloomberg“.

БДП-то на федералната република се проширува со 0,2 отсто на квартална основа, покажуваат сезонски прилагодените податоци на статистичката служба „Destatis“. Тоа е под очекувањата на економистите анкетирани од „Bloomberg“, кои прогнозираа зголемување од 0,3 отсто. Во вториот квартал германската економија порасна за 0,4 отсто.

На годишна основа, растот во периодот јули-септември е 1,7%.

Судбината на најголемата економија во еврозоната е клучна за обновување во 19-члениот монетарен сојуз. Наскоро ќе бидат објавени податоците на Евростат за растот во еврозоната и кои се очекува да покажат просечни нивоа на раст.

deinfo1

„Bloomberg“ потсетува дека Европската централна банка (ЕЦБ), за помалку од четири недели ќе претстави преглед на програмата за стимулации. Тогаш институцијата најверојатно ќе го има во предвид зголемениот бран на популистички критики кон меѓународните трговски договори.

Експанзијата во Германија во последниот квартал е управувана главно од домашната побарувачка, а и приватните и државните трошоци се зголемуваат. На растот му натежнува слабиот глобален раст, при што извозот благо се намалува. Инвестициите во опрема се намалуваат, а изградбата бележи раст.

Германската централна банка Бундесбанк веќе посочи дека економијата забавила во летните месеци, што сепак може да е привремен феномен. Бизнис довербата забележа раст до највисоките нивоа од пред над две години, а невработеноста се намали до рекордно дно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП