21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриродните катастрофи туркаат 26 милиони лица во сиромаштија

Природните катастрофи туркаат 26 милиони лица во сиромаштија

13871209935829ddebad26c481326091_w640

Природните катастрофи туркааат во сиромаштија најмалку 26 милиони лица годишно и ја намалуваат глобалната потрошувачка на стока и услуги за 500 милијарди долари.

„Сериозните климатски промени се закануваат да го загрозат деценискиот напредок кој е остварен во борбата против сиромаштијата. Создавањето на отпорност кон катастрофите не само што има економска смисла, туку и морален императив“, се наведува во соопштението на претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким, пренесува агенцијата Ројтерс.

Сиромашните луѓе, според зборовите на авторот на овој извештај, Стефан Холгејт, потешко се погодени од природните катастрофи бидејќи обично живеат во подрачја кои се изложени на такви неприлики.

„Фаќањето во костец со климатските промени и природните катастрофи е важна компонента во мерките за намалување на сиромаштијата“, изјави Холгејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП