Првиот трговски ден оваа недела на МСЕ заврши со вкупен промет од 55,2 милиони денари и вкупно 171 реазлизирани трансакции.
Убедливо најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка со промет од 23,7 милиони денари и истргувани 8.471 лотови по просечна цена од 2.800,35 денари при што цената порасна за 0,36%
Две блок трансакции беа реализирани со акцијата на Макпетрол со што акцијата го зазеде второто место по остварен промет. Вкупно 355 лотови беа реализирани преку блок трансакциите додека на редовниот пазар беа истргувани уште 47 лотови. Просечната цена на акцијата денес изнесуваше 27.997,77 денари што претставува раст на вредноста на акцијата за 7,42 отсто.
Невообичаено висок обем на тргување имаше и со акцијата на НЛБ Банка. Во 16 трговски трансакции се истргуваа 1.023 лотови оп цена од 8.600 денари.
Најголем поединечен пораст имаше акцијата на ФЗЦ 11 Октомври каде со истргувани 60 лотови цената порасна за 35,66%. Интересен е фактот дека дури десет компании ја зголемија вредноста на своите акции за скоро 10 посто и тоа акциите на Аутомакедонија (+10,83%), Скопски пазар (+10%), Адинг (+10%), Бетон Скопје (+9,99%), ТТК банка (+9,98%), Топлификација (+9,95%) и Окта (+8,97%)
МБИ10, во понеделник, забележа раст на вредноста од 1,29 отсто и моментало изнесува 2.135,62 индескни поени, додека ОМБ остана без промена.