4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУапсен рускиот министер за економија поради сомнеж за примање мито

Уапсен рускиот министер за економија поради сомнеж за примање мито

ulyukaev33

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев е уапсен под сомнение дека примил мито во висина од два милиона долари во рамки на голема нафтена аквизиција, објави во вторник руската истражна комисија.

Во соопштението се вели дека Уљукајев е уапсен во рамки на истрага од широки размери што ја води сојузната служба за безбедност(ФСБ).

Истражната комисија додава дека многу скоро ќе покрене обвинение и дека на министерот му се заканува затворска казна меѓу 8 и 15 години.

Според соопштението, Уљукајев во понеделник бил фатен при примање на два милиона долари мито за неговото министерство да даде позитивно мислење во врска со намерата на Роснефт да го купи Башнефт.

Во соопштението не е прецизирано кој на министерот му го дал митото.

Како што наведува Reuters, Уљукајев е највисокиот руски државен функционер уапсен од распадот на Советскиот сојуз.

Портпаролот на рускиот претседател, соопшти дека Владимир Путин е информиран за апсењето и дека конечниот збор за тој случај ќе го има судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП