3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиквеш АД Скопје со добивка од пола милион евра заклучно со третиот...

Тиквеш АД Скопје со добивка од пола милион евра заклучно со третиот квартал

tikves

Во 2016 година во работењето на Винарската визба Тиквеш АД Скопје не се имплементирани промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи.

Вкупните приходи забележаа раст од 12%, односно зголемување за 91,4 мил. денари. Растот се должи на зголемувањето на приходите од домашен пазар за 12%, односно за 54,2 мил. денари и зголемувањето на приходите од странски пазари за 12%, односно за 37,1 мил. денари.

Повисоките трошоци на продадени производи за 12% резултираат со бруто добивка на износ од 305,5 мил. денари, односно пораст од 12%. Оперативната добивка е зголемена за 1%, односно за 602,000 денари што е ефект од намалувањето на административните трошоци за 4%, а зголeмување на трошоците за продажба и маркетинг за 37%. Финансиските расходи се за 10% пониски споредено со претходната година.

Нето добивката пред оданочување на износ од 32 мил. денари претставува значајно зголемување, односно пораст од 5,6 мил. денари во споредба со претходната година.

Во делот на консолидираниот биланс на успех, со исклучок на приходите од продажба кои достигнаа вредност од 958,6 мил. денари, сите останати клучни ставки се на релативно исто ниво како и оние од неконсолидираниот биланс на успех.

Комплетниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП