2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе работи на регионална безбедност, повикува на спроведување на нуклеарниот договор...

ЕУ ќе работи на регионална безбедност, повикува на спроведување на нуклеарниот договор со Иран

%d0%b5%d1%83-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8-696x407

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија повикаа во понеделникот во Брисел на подобрување на европската одбрана и поголемо влијание на ЕУ во меѓународните случувања, како и сите страни целосно да го спроведат меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, загрижени по победата на претседателски избори во САД на Доналд Трамп, и неговите најави за преиспитување на односите со сојузниците во НАТО и договорот со Иран.

Првата одлука на шефовите на дипломатиите на ЕУ беше да дадат поддршка за нуклеарниот договор со Иран, кој новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во една од своите изјави во кампањата Трамп го квалификуваше како „најлошиот договор во светот“ и вети дека ќе го измени.

Првите европски дипломати потенцираа дека ЕУ е решена да го почитува планот на дејствување, договорен од Велика Британија, Франција и Германија со Иран.

Планот вклучува укинување на економските и финансиските санкции поврзани со иранските нуклеарни активности и поддршка на растот на трговијата и инвестициите во Иран.

„Неопходно е сите страни да ги преземат обврските за да се продолжи со воспоставувањето меѓусебна доверба“ се наведува во заклучоците од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Договорот беше склучен во јули 2015 година во Виена меѓу Иран и шесте земји, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – СДАД, Русија, кина, Велика Британија и Франција плус Германија. Со него е договорена контрола на иранската нуклеарна програма и нејзино намалување, во замена за укинување на децениските меѓународни економски санкции против Иран.

Трамп во предизборната кампања овој договор го нарече „најлошиот кој некогаш е испреговаран“, „глуп“ и „срамота“, и рече дека треба да биде „искинат“. Во заклучокот на Советот на ЕУ од понеделникот, пак, се наведува дека според четирите извештаи на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Иран го спроведува својот дел од договорот.

Министрите на ЕУ, во заклучоците, исто така, изразуваат „загриженост за човековите права“ во Иран, наведувајќи го честото изрекување на смртни казни. Од Техеран се бара да ја осигури рамноправноста на жените и мажите и припадниците на малцинствата.

Во период на многу нејасностите во врска со надворешно-политичките планови на Трамп, на средбата во Брисел министрите за надворешни работи на ЕУ постигнаа едногласен договор, дека е неопходно да се зајакне улогата на Унијата во светската политика, додека не се добие јасна слика за иднината на трансатланските односи. Најавено е дека министрите за надворешни работи ќе се сретнат со министрите за одбрана на ЕУ, со цел да разговараат за соработката со НАТО.

Идинината на соработката со Алијанската, исто така е несигурна, откако Трамп изјави дека Вашингтон може да се откаже од ангажманите кон НАТО, кои вклучуваат заедничка одбрана при нападите, поради недоволното вложување во сопствената одбрана од страна на европските и другите сојузници.

Според високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, Унијата е „суперсила“ и притоа истакна дека во понеделникот не било разгледувано создавањето европска војска, со што може да се подобри ефективноста на безбедноста и одбраната на ЕУ.

„Живееме во небезбеден свет и тоа не започна со избирањето на Трамп. Но Европа не треба да ги чека одлуките на другите, туку треба да ги заштитува сопствените интереси, што ги подразбира интересите на Европејците и во исто време да ја утврдува стратешката улога на светско ниво“, нагласи францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ејро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП