12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и Путин разговараа телефонски за надминување на „сложениот период“ во односите...

Трамп и Путин разговараа телефонски за надминување на „сложениот период“ во односите меѓу Русија и САД

trump-putin-point

Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти во понеделникот вечерта службата за односи со јавноста на Кремљ.

Во соопштението до медиумите, во кое не е наведено по чија иницијатива и кога се одржал телефонскиот разговор, се истакнува дека Путин му ја честитал на Трамп победата на американските претседателски избори на 8-ми ноември.

„Рускиот челник уште еднаш му ја честита на соговорникот неговата победа на претседателските избори и му посака успех во спроведувањето на предизборната програма и ја истакна подготвеноста за дијалог“ се наведува во соопштението.

Путин, исто така, ја истакнал подготвеноста на Москва за „партнерски дијалог“ со новата американска администрација „по принципот на рамноправноста, заемното почитување и немешањето на внатрешните работи“ на другата страна.

Соговорниците биле согласни дека во моментот руско-американската соработка минува низ тежок период и се изјасниле во полза на активната работа на нејзината нормализација, се додава во соопштението од кабинетот на рускиот претседател.

Особено, Путин и Трамп ја истакнале важноста од развивањето на трговско-економските односи.

Било разговарано и за ситуацијата во Сирија, при што размениле мислења за неопходноста од заедничките напори во борбата со меѓународниот тероризам.

Путин и Трамп се согласиле да ги продолжат телефонските контакт и во иднина да биде разгледана можноста за лична средба.

„Беше договорено да продолжат телефонските контакти и во иднина да се договори лична средба, за чијашто подготовка ќе се ангажираат претставниците на двете страни“, се наведува во соопштението.

Претходно во понеделникот портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарски прашања не ја исклучи можноста од контакт меѓу Путин и Трамп и пред официјалната инаугурација на новиот американски претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП