
Министерот за економија Дритон Кучи денеска имаше средба со новоименуваниот италијански амбасадор на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео.


Министерот за економија Дритон Кучи денеска имаше средба со новоименуваниот италијански амбасадор на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео.
Кучи и Ромео потенцираа дека Македонија и Италија споделуваат важни заеднички врски, Италија е важен трговски партнер, позиционирајќи се на шестото место на листата на земји со кои Македонија има трговска соработка, што претставува солидна база за отварање на нови можности и нејзино продлабочување со конкретни заеднички проекти.
На средбата се разговараше за напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското, реформите поврзани со бизнис климата и инвестициските активности во земјата, со кои се отвараат нови работни места, но и за предизвиците со кои се соочува економијата, поради актуелната политичка состојба во Македонија и ситуацијата со мигрантите.
Италијанскиот амбасадор Ромео потенцирал дека неговата земја е голем поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евро-атлантските интегративни процеси, а продлабочената соработка на полето на енергетиката, минералните суровини и туризмот, според соговорниците, ќе придонесе не само за зголемување на билатералната соработка, туку и за нов инвестициски циклус и забрзан економски развој.