Руската компанија „Севергазстројмонтаж“ должи 1,3 милиони евра неплатен данок на добивка и ДДВ, што работеше на изградба на гасоводната делница во кумановското село Клечовце. Оваа компанија се најде на листата на должници на УЈП, при тоа 900 илјади евра е долг за неплатен данок на добивка, додека 380 илјади евра е за неплатен ДДВ.
Компанијата беше подизведувач при изградба на гасоводната делница во Клечовце, а беше избрана директно од изведувачот руската компанија „Стројтрансгас“. Изборот беше направен без тендери во директна спогодба меѓу владите на Македонија и Русија, при што руските компании сами си ги бираа домашните компании со кои ќе соработуваат.
Изградбата на гасоводната делница изнесуваше 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони долари се дел од клириншкиот долг , а 15 милиони долари се од буџетот на Македонија или околу 20 отсто од финансирањето.
Изградбата на гасоводот е прва фаза од проектот за гасификација на Македонија. Втората фаза е изградба на дистрибутивна мрежа која треба гасот да го однесе до општините. До 2022 година се очекува да се има изградена комплетан дистрибутивна мрежа на целата територија на Македонија.
Дополнителна достапоност до гасот како енергенс ќе значи големи придобивки за населението, затоа ќе се намали трошоците за струја и греење, што директно ќе се одрази врз буџетот на граѓаните.