9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската жена потенцијал за успешен претприемач

Македонската жена потенцијал за успешен претприемач

zenite444

Фактот дека 50 отсто од популацијата во Македонија се жени и дека 43,1 отсто се на пазарот на трудот, говори дека македонската жена е неискористен потенцијал, истакна во понеделникот Ленче Угриновска од Здружението на жени менаџери ЕЛИТ на отворањето на 11-от „Европскиот ден на претприемачот & Европската недела на МСП“, која се одржа истовремено со конференцијата „Женско лидерство, личен развој и етика“.

Честа за да го прогласи настанот за отворен му припадна на Димитар Ристовски, извршниот директор на европската бизнис асоцијација. Идејата на овој проект е, на европско ниво да му се даде поттик на претприемништвото како единствен начин и алатка за прогрес на една локална економија.

„Особено е битно претприемнштвото за Република Македонија, затоа што со оваа бројка на невработени сметаме дека единствен излез за надминување на овие потешкотии во поглед на вработувањето, невработеноста, развојот на македонската економија е агресивно вртење кон претприемништвото и поттикнување на сите оние млади луѓе, студенти и невработени и веќе основани млади, средни пертпријатија да се насочат кој претпиемништвото и основањето на сопствен бизнис“, рече Ристовски за Макфакс.

Според него, низ текот на годините оваа инситуционална поддршка расте, од самиот почеток на настанот кој се довиваше во понеделникот во скопско МКЦ, овој настан па сé до денес, бројката на они програми коишто го поддржуваат претприемништвото е драстично променета. Во овој период, продолжи нашиот соговорник, може да се забележи дека сé повеќе се организираат настани посветени на претприемништво, постојат голем број програми обезбедени од Владата на Република Македонија преку којшто се стимулира самовработувањето, се даваат одредени финансиски средства како помош на нови претприемачи на мали и средни претпријатија, така да од овој аспект работите се движат во нагорна линија.

„Не е најсјајно, како и секаде во изминативе години, свесни сме дека се соочувавме со големи економски и финансиски кризи, па така и Македонија не беше имуна на тоа. Во Македонија сé повеќе расте свеста за претпиемништво, со оглед на тоа што Македонија е излезена од еден голем, гломазен социјалистички систем на економија, каде што сé било базирано на големи идустриски капацитети, така што за свеста за претприемништво е потребно време за да се развие низ текот на годините. Ние, од наша страна, сме среќни затоа што се повеќе млади луѓе се стремат кон тоа да отворат свои фирми, особено во IT индустријата. Клучот за успешен петприемач лежи во тие кои имаат најдобра визија, јасна цел, што знаат како да ја организираат компанијата, луѓето кои ќе одберат вистински партнери, што ќе креираат добар производ ќе успеат“, додаде Ристовски.
„Согласно законот за еднакви и работни можности ние сме еднакви и не смее да постои родов дисбаланс во бизнисот, но за жал во пракса тоа не е така. И покрај тоа што се знае, не се предвидуваат никакви мерки ниту санкции за тоа да се спроведе“, се надоврза Угриновска.

Нагласи дека приматот на мажите во одлучувачките функции жените можат да го преземат само ако се воведат системски мерки. Според Угриновска околу 30 отсто се жени оснивачи на компании каде што основниот влог е над 50 проценти, но, како што рече, тоа се микро компании со малку вработени.

„Ние се залагаме жените да ја најдат својата раководна функција, односно да одлучуваат во големите компании. Тоа го правиме преку еден проект кој што е наречен женско лидерство каде што, согласно законот за еднакви и работни можности ние сме еднакви и не смее да постои родов дисбаланс во бизнисот, но за жал во пракса тоа не е така. И покрај тоа што се знае, не се предвидуваат никакви мерки ниту санкции за тоа да се спроведе“, појасни Угриновска.

Според Мади Шарма член на Европскиот економски и социјален совет во Македонија постои многу потенцијал.

„Луѓето имаат одлични идеи кои можат да ги придвижат заедниците напред со цел да се намали сиромаштијата, да се направат промени, да се воведат нови технологии. Претприемништвото значи вреднување на човечкиот капитал, а тој капитал го има многу во Македонија“, рече Шарма и додаде дека затоа е многу важно младинското и женското претприемништвото и дека треба да им се даде шанса на сите да бидат претприемачи.

Според Томиќ, експерт за родова еднаквост и основач на Еднакви.мк., потребно е да се развива женската солидарност, односно меѓусебната соработка во бизнисот, политиката и невладиниот сектор со цел да им се овозможи на жените претприемачи подобри услови и подобри можности да го развијат својот бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП