22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтинуваат становите во Центар, поскапуваат во Аеродром

Поевтинуваат становите во Центар, поскапуваат во Аеродром

aerodrom-naselba-3355

Пад на цената на становите има во скопската општина Центар каде што во вториот квартал од 2015 година просечната цена за метар квадратен изнесувала 62.643 денари, додека во првиот квартал од годинава изнесува 57.502 денари, напротив пак, во општина Аеродром најниската цена во овој период е забележана во март 2015 година, по што следи стабилизирање на нивото од претходните квартали од 51.595 денари.

Ова го покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупи, што во понеделник го презентираше директорт на Катастарот Славче Трпески, кој потенцираше дека пазарот на недвижности во Македонија е стабилен.

Бројот на трансакции за продажба и закуп расте, а цената на становите е стабилна и таа се движи во рамки на маргините од плус минус 3.000 денари. Нема понуда на огромен број станови што би довело до драстичен пад на цената на квадратот.

Извештајот, покажува дека пад на цената има во скопската општина Центар каде што во вториот квартал од 2015 година просечната цена за метар квадратен изнесувала 62.643 денари, додека во првиот квартал од годинава изнесува 57.502 денари. Во Ѓорче Петров, пак, е забележан благ пораст од 39.040 денари во вториот квартал од 2015 година на 42.281 денар во првиот кваратал од 2016 година. Во општина Аеродром најниската цена во овој период е забележана во март 2015 година, по што следи стабилизирање на нивото од претходните квартали од 51.595 денари.

За другите градови пораст е забележан на цените на становите во Битола, а пад во Тетово.

Според евиденцијата на Катастарот, заклучно со првиот квартал од 2016 година на пазарот на недвижности има 2.564 новоизградени непродадени станови, а во изградба според листовите за предбележќување на градба има 5.107 станови. Може да се заклучи, истакна Трпески, дека понудата на станови на пазарот на недвижности ја надминува побарувачката на новоизградени станови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП