22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународен ден на децата: Двесте светски познати писатели се здружуваат за детските...

Меѓународен ден на децата: Двесте светски познати писатели се здружуваат за детските права

stori333

Повеќе од 200 истакнати писатели, вклучувајќи романсиери, драматурзи и поети, се приклучија кон глобалната книжевна кампања оваа недела. Тие напишаа „мали приказни“ од по околу седум реда за да го одбележат Меѓународниот ден на децата и неправдата со која сè уште се соочуваат многу од најсиромашните и најзагрозените деца во светот.

Со серијата кратки раскази започнува одбележувањето на 70-годишнината од работата на УНИЦЕФ за помош и надеж на секое дете.

Некои од светски најпознатите писатели ќе ги споделат расказите со својата публика на социјалните медиуми. Првата дама на Финска, Џени Хаукио, го претстави концептот кој доби глобален замав така што се приклучија писатели од сите краеви на Азија, Африка, Јужна Америка, Европа, Блискиот Исток и Австралија.

„Како писатели, ние ја имаме можноста преку едноставноста на раскажувањето да покажеме заложба и став. Преку оваа благородна и неопходна кампања се залагаме за заштита на правата на прекрасните деца низ целиот свет, рече прославената нигериска авторка Чимаманда Адиче.

Во групата писатели, чии жанрови се движат од бајки до белетристика, влегува и седумгодишната Јужноафриканка, Мишел Нкаманкенг – една од најмладите објавени авторки во светот. Напишани на повеќе од 10 јазици и различни по стил, сите приказни покажуваат дека сè уште се запоставуваат правата на голем број деца.

Кампањата се случува во време кога има сè поголемо кршење на правата на децата. Над 50 милиони деца се раселени од своите домови поради конфликти, сиромаштија и климатски промени, а милиони други се соочуваат со неискажливо насилство во своите заедници. Околу 263 милиони деца не одат на училиште и минатата година речиси шест милиони деца под петгодишна возраст починаа главно од болести што може да се превенираат.

„Шокантно е да се види дека и понатаму животот на многу деца е трајно обележан од ужасот на конфликтите, нееднаквоста, сиромаштијата и дискриминацијата. Се надевам дека овие „Мали приказни“ ќе го потсетат светот дека мора да опстоиме во нашата посветеност кон сите овие деца чиј живот и иднина се во прашање“, рече Палома Ескудеро, портпарол на УНИЦЕФ.

Чимаманда Адиче ја искористи својата „Мала приказна“ за денеска да ја започне серијата која ќе трае до 20 ноември – годишнината од донесувањето на Конвенцијата на ОН за правата на детето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП