18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградба на две улици кај висококатниците во Аеродром

Изградба на две улици кај висококатниците во Аеродром

ulici333

Деновиве ќе почне изградба на две комплетно нови улици, во непосредна близина на висококатниците „Џеваир скај сити“.

Станува збор за изградба на нова фекална и атмосферска канализација, асфалтирање и соодветно јавно осветлување на двете улици со цел да се овозможи пристап до новоизградените објекти и да се реши инфраструктурната мрежа на таа локација.
Двете улици се со вкупна површина од околу 6.000 м2 со по две сообраќајни ленти со широчина од по три метри и тротоари широки по 2 метри.

Фекалната канализација ќе се изгради во должина од 400 метри, атмосферската канализација од околу 360 метри, додека јавно осветлување ќе биде поставено во должина од 400 метри. Целиот проект се очекува да чини околу 20 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП