8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на RWE се намали поради ратата за државениот фонд за нуклеарен...

Профитот на RWE се намали поради ратата за државениот фонд за нуклеарен отпад

rwe-777

Германскиот енергетски концерн „RWE“ соопшти дека профитот во првите девет месеци од годинава е намален за 13%, што се одразува во тешките услови во генерацијата на конвенционалната електрична енергија во Германија.

„RWE“ и конкурентот „E.ON“ примаат удари поради пренасочувањето на Германија кон обновливата енергија, поради што енергијата генерирана од јаглен и централи на гас се намалува за сметка на онаа субвенционирана од ветер и соларни генератори.

И двете компании одговорија на развојот, така што се разделија на две компании. „RWE“ ги оддели бизнисите со зелена енергија и електрична мрежа во нова подружница – „Innogy“ што беше реализирано во октомври. Ова е најголемото ИПО во Германија од 2000-та година.

Од „RWE“ рекоа дека профитот пред каматите, даноците, депресијацијата и амортизацијата за првите три квартали од годината е 3,8 милијарди долари, земајќи го во предвид падот од 13%.

Главниот финансиски директор Маркус Кребер изјави дека профитот е „значаен во предвид на тешките услови, најмногу во генерацијата на конвенционална енергија“.

Компанијата вели дека произведената електрична енергија е продадена на пониски цени на големо наспроти 2015-та година, што имало негативен ефект врз профитот, особено за нуклеарните централи на компанијата.

„RWE“ не ги промени годишните насоки, велејќи дека продолжува да очекува добивката пред камата, даноците, депресијацијата и амортизацијата да е меѓу 5,2 и 5,5 милијарди долари во 2016-та година.

Акциите на компанијата поскапеа за 2,9% во првиот половина час од тргувањето до 12,69 долари за готово.

„RWE“ ја зголеми и годишна прогноза за делот за производство на конвенционална енергија „поради подобриот од очекуваниот профит засега во оваа година“. Оперативниот резултат ќе биде сличен на минатогодишниот од 596 милиони евра, рече компанијата, откако претходно предвиде мал пад.

„RWE“ забележа трошоци и од одлуката на Владата да ги натера сите големи компании за комунални услуги во Германија да платат за исфрлање и складирање на нуклеарен отпад во земјата. Компаниите одделија 17,4 милијарди евра, за да се справат со проблемот, но Берлин сака да платат вкупно 23,6 милијарди евра. Уделот на „RWE“ од оваа сума е 6,8 милијарди евра, што според неа и нанесува „огромен финансиски товар“ на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП