27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР и Општина Центар со кампања „Не оставајте вредни предмети во вашите...

МВР и Општина Центар со кампања „Не оставајте вредни предмети во вашите возила“

mvr-centar3

Министерството за внатрешни работи и општина Центар започнаа со реализација на кампањата “Не оставајте вредни предмети во вашите возила“.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и Билјана Милевска, началник во одделението за превенција во СВР Скопје, во понеделник и практично ја започнаа кампањата за подигање на свеста и спречување на кражбите во автомобилите.

„Целта на акцијата е подигање на нивото на лична безбедност, граѓаните ги забораваат вредните предмети и тоа е ‘провокација’ и ‘предизвик’ за сторителите на тешки кражби. Апелирам до граѓаните да бидат повнимателни во однос на нивните предмети, да не ги оставаат во кабината во нивното возило, на тој начин ќе се заштитат себеси и автомобилот“, рече началничката Милевска.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски посочи дека има голем број на случаи на обивање на возила и одземање на вредни предмети.

„И ние, како општина Центар, се придружуваме на апелот – граѓаните да не оставаат вредни предмети во автомобилите. Ќе работиме заеднички и ја поздравуваме оваа акција, затоа што и МВР и општина Центар работат во правец да ги заштитат нашите граѓани“, рече Жерновски.

На територијата на општина Центар, за изминатите 10 месеци имало 173 вакви тешки кражби во автомобили. Службениците на МВР работат на терен, има и приведени лица, но целта е да се превенира за да се подигне општото ниво на безбедност.

Летово, актуелни беа и обивањата на станови и кражби за што општина Центар спроведе кампања и обука на граѓаните да ја заштитат својата сопственост. Во наредните два месеца, МВР и општина Центар ќе организираат тематски средби, ќе диструбуираат летоци за информирање на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП