27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ го одврза ќесето - милијарди за Египет

ММФ го одврза ќесето – милијарди за Египет

92410423_egypt

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри за Египет тригодишен заем од вкупно 12 милијарди долари.

Заемот е наменет за оживување на економијата на таа земја, соопштија од таа финансиска институција.

ММФ наведе дека целта на програмата за помош на Египет, меѓу останатото е и да ја „обнови“ макроекономската стабилност, додавајќи дека таа земја ќе ја добие првата рата во износ од 2,75 милијарди долари.

Одлуката на ММФ доаѓа откако Египет презема низа мерки со цел заемот да биде одобрен, меѓу кои е и зголемувањето на цената на горивата, што наиде на пофалби од меѓународната деловна заедница, но и на незадоволството на населението кое веќе е соочено со „затегнување на ременот“, наведува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар