2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата стабилна по неколкумесечно ниско ниво

Нафтата стабилна по неколкумесечно ниско ниво

нафта-нафта

Цените на нафтата на меѓународните пазар се промени денес по неколкумесечното ниско ниво, што се должи на преголемата понуда од земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC).

Организацијата во петокот дека нејзината понуда на нафта пораснала на рекордни 33,64 милиони барели на ден, што е за 240.000 барели повеќе од претходниот месец.

Во OPEC планираaт да го намалат своето производство, но инвеститорите се скептични дека таков договор ќе се реализира на состанокот закажан за 30-ти ноември.

Министерот за енергетика на Саудиска Арабија напомена дека е важно членките на OPEC да постигнат консензус на постојниот договор направен во септември во Алжир, да се намали понудата на нафтата.

Иран го прошири своето производство на нови три полиња на нафта со производство на 220.000 барели на ден, со што продолжува да го интензивира своето производство. Исто така, и дневното производството на Кина за сурова нафта во октомври достигна најниско ниво во последните седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП