20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија размислува за приватизација на патната мрежа

Германија размислува за приватизација на патната мрежа

autobahn3399

Министерството за финансии на Германија размислува за продажба на до 50% удел од автопатите во земјата, за да се обиде да развие поефикасна магистрална мрежа, пишува германското списание „Der Spiegel“, цитирано од „Ројтерс“.

Магистралната мрежа во Германија е со вкупна должина од околу 13.000 километри и е втората најголема во светот по онаа во САД, наведува новинската агенција. Сопственоста и е поделена подеднакво помеѓу федералната влада и провинциите.

Министерот за финансии Волфганг Шојбле ги испитува можностите за продажба на дел од државниот удел, така што владата ќе го задржи контролниот пакет акции.

Не е познато колкави средства една ваква зделка би донела во државната каса. Само од „тол“ таксите за камиони федералната влада добива по околу 4 милијарди евра годишно.

Министерството смета дека осигурителните компании, пензиските фондови и другите институционални инвеститори, кои бараат висок принос поради долгиот период на ниски камати, би имале интерес за таква инвестиција.

Членови на парламентот на Германија коментира за „Ројтерс“ дека Шојбле засега само општо ја претставил идејата за време на седницата на буџетската комисија во минатата недела.

Идејата за приватизација на патната мрежа на Германија не е нова и периодично излегува на површина. Евентуална продажба сепак сигурно ќе почека за по националните избори кои ќе се одржат на крајот на 2017-та година.

Министерот за економија Зигмар Габриел – лидерот на централно-левичарската Социјалдемократска партија, која ја дели власта со партијата на канцеларката Ангела Меркел, сепак не ја одобрува идејата. Портпаролот на Габриел негираше дека се подготвува приватизација на патиштата или на операторите на автопатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП