17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовикувачкиот број за Косово ќе биде 383

Повикувачкиот број за Косово ќе биде 383

edita-tahiri

Министерката без портфељ на Косово задолжена за дијалог со Белград Едита Тахири, објави дека, по постигнувањето на договор со Србија за телекомуникациите, Меѓународната телефонска унија на 15 декември ќе му го додели повикувачкиот број 383. Пренесува „Епока еРе“.

„Косово ќе има свој телефонски повикувачки број како и другите држави и ќе има целосен суверенитет, додека останатите повикувачки броеви користени до сега, како 381, 377, 386 ќе престанат да се користат“, појасни Тахири.

Таа истакна дека договорот бил постигнат со максимален ангажман на Европската унија(ЕУ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП