20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија е против формирање војска на ЕУ

Австрија е против формирање војска на ЕУ

brussels-is-moving-closer-towards-creating-an-eu-army-post-brexit

Австрискиот канцелар Кристијан Керн не ја поддржува идејата на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за формирање војска на Европската унија (ЕУ).

Тој порача дека за него е незамисливо австриската војска да учествува во акција која не би била под команда на Австрија.

Подготвени сме, солидарно, да дадеме свој придонес. Австриската војска под комнада која не е австриска во овој момент не е замислива, нагласи Керн во изјава за австриксите медиуми.

Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил, исто така, критички гледа на предлогот што го изнесе Јункер по победата на Доналд Трамп на изборите во САД.

„Зголемена соработка да, но војска на ЕУ одбивам“, порача тој.

Доскоцил истакнува дека за него е неприфатливо да се минира неутралноста на Австрија. Според негово мислење, не смее ниту во иднина да постојат обврски за воена поддршка, ниту учество во војни, како и трајно стационирање на странски војски во Австрија.

И министерот за надворешни работи Себастијан Курц, политичар од редовите на Народна партија (OVPe) ,како и социјалдемократите Керн и Доскоцил, го подвлекоа значењето на неутралноста на земјата.

„Неутралноста е столб на австрискиот идентитет“, рече Курц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП