22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Стабилниот раст на Кина предизвикува сомнежи

График на денот: Стабилниот раст на Кина предизвикува сомнежи

rastkina-000

Економијата на Кина забележа раст од 6,7% во третиот квартал. Тоа немаше да биде толку изненадувачко, дури повеќе смирувачко, ако учинокот на земјата беше со исти податоци во претходното тримесечје, а и во трите месеци пред тоа, коментира „Economist“.

Оваа необична конзистентност предизвикува презир кај многу од критичарите на Кина, кои долго време тврдат дека земјата ги фалсификува податоците. Економијата на Кина се проширува со слично темпо, квартал по квартал во многу случаи, но никогаш порано од Пекинг не тврделе дека расте со иста стапка во текот на трите последователни квартали.

Дали тоа се има случено на други места? Овој ист раст не е точно преседан. Седум други земји објавуваат иста стапка на раст во три последователни квартали, покажува базата на податоци која опфаќа 83 земји. Таа е за период од 1993-та година и е изработена од „Economist Intelligence Unit“.

Листата вклучува нови економии како Бразил, Хрватска, Индонезија, Малезија и Виетнам, но и две развиени: Австрија и Шпанија. Шпанија дури слично “чудо” има двапати објавено. Економијата и е растечка со 3,1% на годишна основа во првите три квартали од 2003-та година и за 4,2% во првите три квартали од 2006-та година.

Спротивно на популарното верување статистиката за бруто домашниот производ (БДП) на Кина не секогаш се движи толку непречено. Од 1993-та година просечната разлика на растот помеѓу два последователни квартали била (плус или минус) 0,77 процентни поени. 14 земји, вклучувајќи ги САД, предвидоа помала просечна разлика.

Во последните години, сепак нерамномерната насока на кинескиот раст е помалку изразена. Од 2012-та година само Франција и Јордан се радуваат на стабилен раст, а Индонезија оствари помала средна разлика помеѓу два последователни квартали.

rastkina-001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП