3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите 13 Ноември

Доделени наградите 13 Ноември

dodeluvanje-nagradi-13-noemvri-2016-696x462

Свеченоста по повод одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември, се одржа во недела вечер во Македонската опера и балет.

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година, им ги врачи наградите.

„Наша должност да ги поттикнуваме и да им го вреднуваме несебичниот труд на сите оние наши сограѓани кои со својата работа и достигнувања вложувале и вложуваат во развој на Скопје, како град во кој се негува духот на традицијата, солидарноста и мултикултурниот соживот. Токму традиционалната годишна награда „13 Ноември на Град Скопје“, за особени достигнувања и остварувања во сите сегменти на животот, е знак на признание на Градот Скопје кон сите оние кои што со својот труд и достигнувања придонеле за неговиот развојот, но и за севкупниот напредок и афирмација на Република Македонија, во и надвор од нејзините граници“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Добитници на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година се:

Од областа на науката:

1. МИХАИЛ ГАРЕВСКИ, универзитетски професор, за значајни остварувања во областа на науката, образованието и градежното конструктерство

2. АСЛАН ХАМИЛИ, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“- Скопје, за значајни континуирани остварувања во науката и образованието.

Од областа на образованието и воспитанието

1.ТОМИСЛАВ ДИМИШКОВСКИ, професор во пензија, за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на културата

1.АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ, писател за деца и млади, за значајни долгогодишни остварување во областа на културата и уметноста.

Од областа на уметноста:

1.МУШЕРЕФ ЛОЗАНА ПРЕКИЌ, актерка во пензија, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје.

2.ЛЕТКА ПОЛИЗОВА ДИМОВСКА, хорски диригент, за 40-годишна професорска работа како диригент на женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“

Од областа на публицистиката и архитектурата

1. ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ, архитект, за долгогодишни истражувања, популаризирање и развој на град Скопје и за архитектонско креирање на повеќе значајни објекти.

Од областа на хуманитарната активност

1.АЛМИНА АЛИЛОВИЌ, студентка, за покажана хуманост и спасување човечки живот.

За ученици и студенти

1.ЕВА КАРАМАНОВСКА, ученик во ООУ „Рајко Жинзифов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннатавните активности.

2.МАРКО НАУМОВСКИ, ученик во СУГС„д-р Панче Караѓозов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“, а по доделувањето на наградите, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, настап имаа хорот „Св. Злата Мегленска“, а потоа се одржа оперетата „Глорија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП