19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ77 телефони iPhone 6s за 77 среќни добитници - Наградна игра во...

77 телефони iPhone 6s за 77 среќни добитници – Наградна игра во Вип Припејд

pripejd-vip33

Вип почнува голема наградна игра со која сите Припејд корисници на мобилната телефонија добиваат можност во наредните 11 недели да освојат еден од 77-те iPhone 6s телефони. Секоја седмица по седум корисници ќе станат добитници на оваа вредна награда.

Од денеска, сите корисници на Вип Припејд со самото надополнување на кредит на својата сметка автоматски стануваат учесници во извлекувањето за iPhone 6s 16GB.

Во наградната игра за iPhone 6s, 1 денар е еднаков на 1 шанса за добивка или на пример 300 денари се еднакви на 300 шанси за добивка, односно колку повеќе корисникот во текот на една седмица ја надополнува својата сметка, толку е поголема можноста за освојување на наградата, а надополнетиот износ може да го искористи за сите припејд услуги.

Минималниот износ на надополнет кредит со кој корисниците учествуваат во наградната игра е 100 денари.

Добитниците ќе се избираат по пат на случаен избор, а извлекувањето на наградите ќе се одвива секоја среда. Учествуваат сите корисници на Припејд мобилна телефонија кои ја надополниле својата сметка претходниот неделен циклус почнувајќи од 14 ноември 2016г. до 29 јануари 2017г. Добитниците на наградната игра „Надополни и играј за iPhone 6s“ ќе бидат објавувани на официјалната веб страна на Вип.

Секој понеделник започнува нов неделен циклус, во кој не влегуваат учесниците од претходната недела. За повторно учество во некое од наредните неделни извлекувања, корисниците треба повторно да ја надополнат Вип Припејд сметката за времетраење на друг неделен циклус.

Повеќе информации за наградната игра можете да прочитате на www.vip.mk или со јавување на 077 1234.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП