2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

„Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

denovi-na-sovremena-bugarska-knizevnost-vo-makedonija

Манифестацијата „Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“, ќе се одржи во вторник и среда во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Во рамки на дводневната манифестација што НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ја организира заедно со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија, ќе се одржат следните активности: потпишување нов Договор за соработка меѓу двете библиотеки, изложба на книги преведени од бугарски на македонски јазик во последните две и пол децении, книжевна средба со три современи бугарски авторки и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“.

„Со овој настан сакаме да иницираме продлабочување на книжевните врски и запознавање на македонската јавност со книжевните достигнувања на авторите од Бугарија. Покрај тоа, со конкретна комуникација да го поддржиме меѓусебното приближување, размената и преводот на врвни книжевни дела, како и отворањето нови можности за уште поголема културна соработка“, истакнуват од НУБ „Св. Климент Охридски“ .

На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат д-р Иван К. Заров и д-р Красимира Александрова, директори на двете национални библиотеки и Иван Петков, амбасадор на Р. Бугарија во Р. Македонија.

На книжевната средба извадоци од своите дела ќе читаат почитуваните гости од Бугарија, Силвија Томова, Вања Аврамова и Поли Муканова, а осврт за бугарската книжевност ќе има поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски. Трибината на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“ ќе биде отворена за сите заинтересирани, а ќе учествуваат писатели, преведувачи, издавачи и други.

Манифестацијата се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП