16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп нема апарати за мерење на загаденоста на воздухот, надлежните молчат

Прилеп нема апарати за мерење на загаденоста на воздухот, надлежните молчат

zagadenost39999

Општина Прилеп е меѓу ретките урбани средини во државата во кои не се мери загаденоста на амбиентниот воздух. Иако поставувањето на апарати за мерење на загаденоста на воздухот беше најавено уште пред неколку години, тоа сѐ уште се нема случено.

На почетокот на оваа година Советот на Општина Прилеп доставил барање до Министерството за животна средина за набавка и поставување на мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот. Иницијативата, односно заклучоците кои советниците ги усвоија на една од седниците биле испратени до соодветните институции, но одговор сѐ уште немаат добиено.

Ветувањето на локалната власт за поставување на мерни апарати датира од поодамна. Пред точно 3 години, надлежните од Општина Прилеп тврдеа дека во буџетот за 2014 година има предвидено средства за набавка на 4 мерни апарати за мерење на аерозагаденоста во градот. Не само што ветувањето не се оствари, туку сѐ до скоро ова прашање никој повеќе не го спомна.

Според податоците на Институтот за јавно здравје за 2014 година, Пелагонискиот регион се наоѓа на неславното прво место според бројот на починати лица од малигни заболувања. Во Пелагонискиот регион од рак таа година починале 498 лица, што е значително повеќе во однос на останатите региони. За споредба, истата година во Источниот регион од малигни заболувања починале 355 лица, додека во Вардарскиот и Југозападниот регион бројот на починати лица бил идентичен и изнесувал 298.

Имајќи ги во предвид ваквите показатели, одговорните од Инспекторатот при Општина Прилеп ги прашавме за причините поради кои Прилеп нема поставено апарати за мерење на аерозагадувањето, кои се најголемите загадувачи на воздухот во градот и дали во Општината постојат инсталации кои поседуваат „А“ интегрирани дозволи, од причина што носителите на такви дозволи важат за најголеми загадувачи на амбиентниот воздух.

Од Општина Прилеп одговор не добивме на ниту едно од поставените прашања.

Меѓу најштетните загадувачки супстанци по здравјето на човекот спаѓаат ПМ10 честичките. Од причина што продираат длабоко во респираторниот систем, Светската здравствена организација ги прогласи за канцерогени и поопасни за здравјето на луѓето и од пасивното пушење. Најчести извори на ПМ10 честичките се индустриските капацитети, електраните, греењето на домовите со дрва и јаглен, издувните системи на возилата, шумските пожари, согорувањето на земјоделскиот отпад, а одредено влијание имаат и климатските и метеоролошките услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП