Американската инвестициска банка Morgan Stanley процени дека постои 35 отсто шанси Вашингтон да ги укине санкциите кон Москва во следните две години.
Според предвидувањата на банката, мандатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе придонесе за олеснување на санкциите кон руските компании и функционери, пишува Спутник.
Европската унија(ЕУ) сега е загрижена бидејќи при евентуалното затоплување на односите меѓу САД и Русија, тоа би можело лошо да влијае врз европската политика на санкции.
Трамп за време на својата кампања рече дека ќе ја разгледа можноста за укинување на санкциите кон Русија и дека сака нормализација на односите, а по изборите тоа и го потврди.
Руската берза реагираше позитивно на победата на Трамп заради очекувано подобрување на билатералните економски односи меѓу двете земји, за разлика од другите глобални берзи.