3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Русија се нервозни од престојната посета на Обама на Грција

Во Русија се нервозни од престојната посета на Обама на Грција

gasovod35987

Посетата на американскиот претседател Барак Обама се очекува со загриженост во Москва, станува јасно од публикацијата на „Facebook“ на портпаролот на Министерството за надворешни работи на земјата, Марија Захарова.

Според неа американскиот претседател ќе ја натера Атина да го забрани пристапот на руските бродови до грчките пристаништа, по примерот на Шпанија. Нешто повеќе – во многу локални медиуми се инсинуираат и коментари дека Барак Обама ќе побара од Грција да не го прифати проектот „Турски поток“.

Барак Обама ќе пристигне во официјална посета на нашиот јужен сосед на 15-ти ноември. Очекувањата во Грција се дека главната тема на разговорите ќе бидат долговите на земјата. Грчката Влада има силен сојузник во лицето на САД во обидите да ја протурка идејата за простување на дел од долговите.

По Атина, Обама ќе има средба и со Ангела Меркел во Берлин. Германија е еден од најжестоките противници за намалувањето на грчкиот долг. Затоа и очекувањата се дека Обама во една од последните посети на Европа ќе го покрене прашањето за грчкиот долг.

Грција е една од земјите кои отворено се изјаснуваат против санкциите на ЕУ против Русија. Досега, сепак заедницата секогаш земала едногласна одлука за ограничувањата, и покрај постоењето на различни расположенија во дел од членовите на Унијата.

Според руски аналитичари, за да ја добие поддршката на САД, Атина ќе продолжи да ги поддржува санкциите против Москва, а од друга страна ќе ги саботира и руските проекти.

Русија и Турција потпишаа договор за изградба на „Турски поток“ на 11-ти октомври. Првите пријави беа дека проектот ќе има цевка која ќе напојува директно турскиот пазар и за нејзината реализација нема никакви пречки.

И покрај постоењето на сите дозволи за изградба на првата цевка, истата се уште не е за почната.

Москва, пак, на неколку пати потврди дека ќе очекува цврсти гаранции од ЕУ дека ќе дозволи втората цевка од „Турски поток“ – со која треба да бидат напојувни клиентите на „Газпром“ во Јужна Европа.

Трасата на „Турски тек“ треба да помине преку територијата на Грција на патот кон Европа. Атина засега ја држи тезата дека проектот треба да ги почитува европските правила во областа на енергетиката и заштитата на конкуренцијата, за да биде примен на територијата на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП