21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо спорт против глобална бездомничка статистика

Со спорт против глобална бездомничка статистика

homeless33

Правете мали нешта, ако сите правиме мали нешта, ќе го промениме светот, порачуваат од Бездомничкиот Светски куп, којашто со своите 73 Национални партнери работат во повеќе од 420 градови во светот, со повеќе од милиони бездомници инволвирани секојдневно, од нивното формирање пред повеќе од една деценија.

Истражувањето на оваа организација покажува дека нивната работа позитивно делува на 94 отсто од играчите, 83 проценти од нив ги подобриле социјалните релации со фамилијата и пријателите, 77 отсто направиле значајна промена во нивните животи, 71 отсто продолжуваат со спортски активности.

Бездомничкиот Светски куп е добротворна организација која е основана во Шкотска. Нивната мисија е да ја поддржуваат работата на нивните национални партнери преку распространување на практиката на уличен фудбал за социјална промена.

Работат со националните партнери и институциите во целиот свет и притоа истражуваат и споделуваат добрата страна на таа практика, го согледуваат и мерат влијанието на нивната работа, развиваат ефективни јавни политики, делуваат како глобални адвокати за социјално маргинализираните и бездомните.

Во текот на годината, Фондацијата ги поддржува 74-те Национални партнери во светот преку споделување на знаењето, работилници, конференции, и изградба на свесноста.

Светскиот куп на бездомници е уникатно, пионерско социјално движење кое го користи фудбалот да ги инспирира бездомните луѓе да гои променат своите животи.

Нивната визија е да го видат светот каде секој кој е или ќе стане бездомник, добие влез во една од трансформациските програми на организацијата. Нивната замисла е да ги инспирираат бездомниците да ги сменат своите животи преку моќта на фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП