3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрупацијата на македонските шпедитери асоцијативна членка на КЛЕКАТ

Групацијата на македонските шпедитери асоцијативна членка на КЛЕКАТ

transport-logistika

Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори (МИФА), при Стопанската комора на Македонија стана асоцијативна членка на Европската асоцијација за шпедиција, транспорт, логистика и царински услуги (КЛЕКАТ), информираше денеска на прес-конференција раководството на МИФА.

Таа асоцијација ги претставува интересите на над 19.000 компании кои вработуваат повеќе од 1.000.000 лица во логистиката, шпедицијата и царинските услуги. Шпедитерите и царинските посредници, членови на оваа европска асоцијација, царинат околу 95 проценти од сите стоки во Европа.

Асоцијативното членство овозможува учество на претставници на МИФА во работните групи на КЛЕКАТ и дискусии за сите можни прашања, без право на одлучување, односно гласање. Таква позиција има и УТИКАД, Националното здружение на шпедитери на Турција.

 – Бенефитот од учеството во КЛЕКАТ се однесува на можноста да се следи легислативата на ЕУ, што ја предлага Европската комисија, искуството во однос на тоа како комуницира со своите членки што се дел од ЕУ, како носи одлуки и лобира во ЕК во делот на царинската легислатива, даноците и сите останати законски и подзаконски акти, рече заменик-претседателот на МИФА Стојче Василев.

Тој истакна дека МИФА веќе добива информации од КЛЕКАТ за сите одлуки и документи од Генералниот директорат на Европската Комисија кои се однесуваат на царинската и на даночната политика. Конкретно, до МИФА е проследен документ со информации за Царинскиот закон на унијата чија примена се одложува и информативен лист за третманот на стоките по приемот на Хрватска во ЕУ од 1јули годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП