„Walt Disney“ забележа резултати за кварталот, кои се покажаа под очекувањата на аналитичарите делумно поради проблемите во сегментот со медиумските мрежи, пренесува „CNBC“.
Компанијата објави дека нејзиниот профит достигна 1,10 долари по акција при приходи од 13,14 милијарди долари во четвртиот квартал. Приходите се намалиле за 3% во однос на истиот период од минатата година, во кој според „Disney“ била додадена дополнителна недела.
Аналитичарите очекуваа „Disney“ да генерира профит од 1,16 долари по акција и приходи во износ од 13,52 милијарди долари според консензус прогнозата на „Thomson Reuters“.
„Ние сме многу задоволни од настапот за годината генерирана од највисоките приходи, нето добивка и заработката по акција во историјата на „Disney““, објави извршниот директор Боб Ајгер.
Акциите на „Disney“ ја намалија својата вредност за скоро 3% за време на берзанската трговија, реагирајќи веднаш на информацијата, но потоа се обновија и забележаа раст откако директорите се обидоа да ја смират загриженоста за време на средбата со инвеститорите.
Акциите на компанијата се под притисок во последно време, откако „Nielsen“ потврди дека спортската мрежа „ESPN“ загубила 621.000 претплатници за еден месец. „Disney“ ги стави под прашање овие податоци.
Медиумските мрежи се најголем извор на продажба за „Disney“, проследени со парковите и одморалишта, студиото за забава и потрошувачките производи. Приходите од медиумските мрежи паднаа за 3 отсто во однос на претходната година до 5,66 милијарди долари, додека оперативната добивка е намалена за 8% до 1,7 милијарди долари. Приходите од продажба на сегментот одговорија на очекувањата на Wall Street според консензус прогноза на „StreetAccount“.
Оперативната добивка на компанијата падна поради нејзините кабелски мрежи, најмногу поради „ESPN“.
Приходите од парковите и летувалиштата се зголеми за 1% до 4,39 милијарди долари, што се покажа под прогнозата на аналитичарите за 4,57 милијарди долари.
Студиото за забава ужива 2% раст на приходите до 1,81 милијарди долари, што се покажа во согласност со прогнозите. „Disney“ го придава тоа на претставувањето на филмовите, како „Finding Dory“ и „Captain America: Civil War“.