25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК го зголеми буџетот за промоција на земјоделските производи

ЕК го зголеми буџетот за промоција на земјоделските производи

zemjo309

Во 2017-та година производителите во ЕУ ќе добијат поголем буџет во износ од 133 милиони евра за да ги промовираат европските земјоделски производи во Унијата и надвор од неа и да продолжат да бараат нови пазари, соопшти Европската комисија.

Вчера беше усвоена стратегија за промовирање на агропродуктите на ЕУ за 2017-та година со буџет од 133 милиони евра, при 111 милиони евра за 2016-та година.

Со овие средства ќе бидат кофинансирани неколку програми, од кои повеќето ќе бидат насочени кон земји и региони надвор од ЕУ како Кина, Блискиот Исток, Северна Америка, Југоисточна Азија и Јапонија.

„Зголемувањето на извозот со 1 милијарда евра води до отворање на околу 14.000 работни места во ЕУ“, рече комесарот за земјоделство Фил Хоган, кој се врати од работната посета во Виетнам и Индонезија со цел зголемување на извозот на прехранбени производи.

Една од новите иницијативи е за промоција на производите од одржливо земјоделство, додаде тој.

Најдоцна во јануари 2017-та година ќе биде даден почетокот за покана за доставување предлози за програмата за 2017-та година, Европската комисија ќе финансира меѓу 70 и 85% од вредноста на одобрените кампањи, кои обично траат 3 години.

Работата на програмата за 2016-та година продолжува, а крајните приматели на средства веќе се избрани и ќе започнат кампањи во почетокот на 2017-та година. Избраните кампањи – 60 обични и 6 мултинационални програми се различни.

Тие опфаќаат 32 земји надвор од ЕУ (во споредба со 23 од минатата година), а на двата главни пазари – САД и Кина, тие се насочени кон повеќе области, не само на вообичаените Њујорк и Пекинг.

Производите кои најмногу ќе бидат рекламирани, се овошјето и зеленчукот (30% од програмите), месните производи (17%) и млечните производи (15%).

За следната година се предвидени голем број на промени. Покрај зголемениот буџет за 2017-та година при кофинансирање во износ од 70 – 85% ќе има дополнителни 9,5 милиони евра за активности за промовирања извршени директно од Комисијата (на пример киосци на ЕУ во земји надвор од Унијата, мисии на високо ниво).

Околу 63 милиони евра се предвидени за обични програми за промовирање насочени кон пазарите на земјите надвор од ЕУ.

Акцентот повторно е на производите во шемите за квалитет на ЕУ и производите од најоддалечените региони и од биолошко производство, но вклучува и специјални предмети за секторите во дилема, како оние на млечните производи, свинско месо и говедско месо, како и дополнителни 4, 5 милиони евра за секторите кои се соочуваат со неочекувани кризи.

Друг нов елемент за 2017-та година е доделување на средства (15 милиони евра) за програми за подигање на свеста во рамките на внатрешниот пазар за одржливо земјоделство и улогата на земјоделството во борбата против климатските промени.

Поканите за доставување предлози за 2017-та година ќе бидат објавени најдоцна во јануари 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП