22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакпетрол и натаму во фокусот на инвеститорите

Макпетрол и натаму во фокусот на инвеститорите

mak-berza

По објавата на Неревидираниот биланс на успех за периодот од 01.01 до 30.09.2016 година, посебен интерес за акциите на Макпетрол АД.

Во петокот се истргуваа вкупно 269 акции преку 17 трансакции со што акцијата порасна за 2,21 отсто и краток период ја достигна вредноста од 28.000 денари.

Вкупната вредност на трансакциите со оваа акција изнесуваше околу 7 милиони денари или учество од 26,94 отсто во вкупниот промет од 26.133,102 денари.

Комерцијална банка повторно беше во фокусот на инвеститорите. Истргувани се вкупно 3.470 лота по просечна цена од 2.790,38 денари со што акцијата ја предводеше листата со највисок остварен промет од околу 9,6 милиони денари.

Промет над милион денари последниов ден неделава оствари и помалку тргуваната акција Огражден Струмица, со промет од 6.177.500 денари преку истргувани количина од 4.942 акции преку 2 транцакции.

Индексот МБИ-10 на вредност од 2.108,37 индексни поени и раст од 0,31 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП