10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил ги тужи САД пред СТО поради царина на увозот на челик

Бразил ги тужи САД пред СТО поради царина на увозот на челик

brazil-us

Бразил денес поднесе тужба во Светската трговска организација СТО, против САД, поради нивната одлука да воведат казнена царина на увозот на ладнo и топло валани плоснати производи од челик од Бразил, се наведува во соопштението на СТО.

САД претходно воведоа антидампинг царини на тие производи, но Бразил тврди дека со тоа се прекршени прописите на СТО, се додава во соопштението на таа организација, пренесува Ројтерс.

Соединетите Американски Држави сега имаат рок од 60 дена да го решат спорот, или во спротивно Бразил ќе побара од СТО да пресуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП