18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ја продолжи Е-класата за пазарот во Кина

Mercedes ја продолжи Е-класата за пазарот во Кина

eklasa

Понудата на лимузина со продолжено меѓуосовинско растојание е нешто што се подразбира за секој производител за учество на кинескиот пазар. Со оглед дека несака да заостанува зад конкуренцијата „Mercedes“ ја претстави продолжената верзија на новата Е-класа.

Дизајнот на надворешноста е превземен од стандардниот модел кој беше претставен во јануари 2013-та година.

Купувачите во Кина ќе можаат да бираат меѓу двете стилски варијанти на предниот дел од автомобилот, елегантната со класичниот симбол кој се наоѓа на врвот од хаубата и спортската на која знакот на „Mercedes“ се наоѓа на централниот дел од маската на ладилникот.

eklasa1

Продолжената верзија порасна за 140 mm, па така вкупната должина на возилото изнесува 5.019 mm, a меѓуосовинското растојание сега е 3.014 mm.

Како што може и да се претпоставува најголема корист на меѓуосовинското растојание ќе имаат патниците на задните седишта, поради кои и се изработува ваквиот вид на автомобили. На тој начин клиентите кои ќе се возат позади ќе можат да уживаат во предностите на оваа луксузна лимузина која е со пониска цена од седанот од високата класа. Дизајнерите на овој „Mercedes“ отидоа толку далеку што на патниците на задните седишта им овозможија со електрични команди да ги поместуваат предните седишта за да можат да си овозможат поголем простор.

Во понудата ќе бидат три бензински верзии, најслабата „E260 L BlueEFFICIENCY“ со четирицилиндричен мотор со директно вбризгување кој развива 204 ks, потоа „E300 L“ кој го придвижува шестцилиндричен агрегат со 245 ks  и најсилниот модел „E400 L“ исто така со шестцилиндри и со 333 ks.

eklasa2

Сите три верзии на располагање ќе бидат со мануелни и автоматски менувачи. Од „Mercedes“ најавија дека подоцна во понудата ќе бидат и уште некои варијанти како моделот „E400 L Hybrid“.

„Mercedes“ E-класата со продолжено меѓуосовинско растојание ќе се произведува и продава исклучиво во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП