18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги намалува зацртаните цели за редукција на емисијата на јаглерод диоксид

Германија ги намалува зацртаните цели за редукција на емисијата на јаглерод диоксид

de-industri33

Германската влада им подлегнала на притисоците во конечната верзија од климатскиот план да ги намали своите цели на редукцијата на јаглерод диоксид во индустријата, произлегува од документот кој дошол до агенцијата Reuters.

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел е решителна во довршувањето на финалните детали од климатскиот план, за да може министерката за природна средина Барбара Хендрикс да го презентира на глобалните климатски разговори кои следната седмица ќе се одржуваат во Мароко.

Владата ја повикува германската индустрија до 2030 година во однос на 2014 година да ги намали своите емисии на јаглерод диоксид за 20, наместо на првично целените 30 отсто, покажува документот.

Документот содржи план за оттргнување на најголемата европска економија од фосилните горива, како и намалување на емисијата на јаглерод диоксид за дури 95 отсто до 2050 година. Овие цели се во согласност со обврските договорени со климатскиот договор во Париз во септември 2015 година.

Челникот на Зелената партија, Антон Хофрејтер, истакнал дека намалувањето на целите укажува дека Германија, која некогаш се сметаше за водечка земја во заштитата на климата, скршнала од патот.

„Од планот за зачувување на климата остана само костурот. И натаму нема јасни цели и мерки. Оваа влада се плаши да се справува со предизвиците како што се затворањето на термоцентралите на јаглен или воведување на автомобилите кои не емитираат јаглерод диоксид“, изјавил Хофрејтер.

Министерот за економија Зигмар Габриел, кој е челник на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), којашто ја дели власта со конзервативната коалиција на Ангела Меркел, во вторникот го блокираше иницијалниот договор кој имаше цел намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 55 отсто до 2030 година.

Неговото неочекувано вето дојде откако синдикатот IG BCE, со поддршка на индустрискиот конгломерат BDI, изрази загриженост поради германскиот план да го напушти производство темелено на јагленот.

Габриел смета дека е важно да се постигне амбициозна климатска и енергетска политика, која предвид ги зема модернизацијата, економскиот раст и сигурноста на работните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП