19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја пие најмногу алкохол?

Која земја пие најмногу алкохол?

alk

Тоа е прашање што ја поттикнува националната гордост и несогласувања со векови: Која земја пие најмногу алкохол?

Мет Стајлс од “The Daily Viz” креираше прецизно дизајнирана мапа со детална потрошувачка на алкохол по глава на жител во секоја земја.

Податоците беа собирани од 2000 до 2016 година од истражувањата на Светската здравствена организација.

Значи, која нација пие најмногу алкохол?

Белорусија се појавува прва на листата, каде секој граѓанин просечно конзумира по 17,32 литри алкохол секоја година, од кои 8,16 литри се жестоки пијалоци.

Ова е проследено со Литванија, Чешка, Хрватска, Австрија, Португалија, Франција, Ирска, Естонија и Унгарија. Ова значи дека во топ 10 листата сите се Европски земји. САД изненадувачки се најде на 41 позиција.

Македонија се најде на 145-то место на листата со испиени 1,16 литри алкохол по глава на жител годишно, од кои 0,59 литри пиво, 0,34 литри жестоки пијалоци и 0,23 литри вино во просек.

Титулата за најголеми пијачи на пиво припадна на Чешка, каде се пие околу 6,65 литри по глава на жител годишно.

Најмногу вино се пие во Португалија, во просек по 7,45 литри по глава на жител годишно.

Од друга страна, Афганистан, Мавританија, Кувајт, Либија, Иран, Сомалија и Бангладеш се наоѓаат на дното од листата.

Топ 10 земји конзументи на алкохол

1.Белорусија

2.Литванија

3.Чешка

4.Хрватска

5.Австрија

6.Португалија

7.Франција

8.Ирска

9.Естонија

10.Унгарија

map

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП