12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговорите за TTIP ќе бидат на чекање, порача Малстром

Преговорите за TTIP ќе бидат на чекање, порача Малстром

malstrom-696x392

Преговорите за Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) меѓу Европската унија и САД ќе бидат на чекање додека не се формира новата американска администрација, изјави во потокот комесарката на Европската комисија за трговија, Сесилија Малстром.

„Избран е нов претседател и сега не знаеме што натаму ќе се случува. Според сé судејќи, во преговорите за TTIP ќе има пауза. Може да се случи тоа да не биде приоритет за новата американска администрација“, изјави за медиумите потокот комесарката на Европската комисија за трговија, Сесилија Малстром.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој на должноста ќе стапи на 20-ти јануари 2017 година, во предизборната кампања често ја напаѓаше слободната трговија, којашто според него ја задушила американската индустрија. Републиканците традиционално ги поддржуваат трговските договори, но нивниот претседателски кандидат Трамп смета дека поради нив се намалува бројот на работните места во САД, и се закани дека ќе ги укине доколку биде избран за претседател. Но и демократската кандидатка Хилари Клинтон се противеше на договорот кој е непопуларен и меѓу синдикатите и активистите за зачувување на природната средина.

Преговорите за TTIP започнаа во 2013 година, а целта беше да бидат довршени до крајот на мандатот на актуелниот американски претседател Барак Обама. А и покрај сите предупредувања, Европската унија дури неодамна призна дека тоа нема да биде возможни.

Договорот TTIP наидува на големи отпори ширум Европа, поради стравот од надмоќта на големите мултинационални компании и губење на работните места. Противниците на трансатлантските трговски договори стравуваат дека со нивното стапување на сила би биле намалени високите европски стандарди за заштита на потрошувачите и на природната околина. Се спротиставуваат особено на арбитражните судови (што е услов на американската страна во преговорите за TTIP), односно против тоа на работодавачите и синдикатите да се гледа исклучиво како на субјекти во пазарната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП