3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалување на цената на горивата

Намалување на цената на горивата

goriva1

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4,5 денари, а дизелот за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 78 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 79,5 денари.

Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 67 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинства 55,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се намалува за 2,228 денари за килограм. За килограм од тој енергенс ќе се плаќа по 40,243 денари.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 5,33 проценти. РКЕ  ја донесе одлуката за намалувањето врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП