22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид

Започна Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид

koce-sah-696x462

Традиционалниот „Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид“, по 44 пат се одржува од петок до недела во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“.

Шахистите ги посети и го отвори турнирот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Најнапред сакам да Ви го честитам јубилејот 70 години од постоењето на Националниот сојуз на слепите на Р.Македонија, како и успешното организирање на 44. традиционален Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид. Соработката помеѓу Град Скопје и Здружението на слепи трае во текот на целата година, не само на денот на одржување на овој турнир. И сакам да Ви ветам дека и понатаму ќе го поддржуваме овој турнир и ќе ја продолжиме успешната соработка со Вашето здружение“, истакна градоначалникот Трајановски на отворањето на шаховскиот турнир.

Претседателката на Здружение на слепи и слабовидни лица, Благица Петреска, кажа дека се задоволни од соработката со Градот Скопје и побара на повеќе локации од градот да се постават тактилни патеки за да им се овозможи на лицата со оштетен вид полесно движење.

Меѓународниот шаховски турнир на лица со оштетен вид, ќе се одржува и во текот на викендот (12 и 13 ноември), а годинава во турнирот ќе учествуваат 39 шахисти од повеќе држави, од кој 32 ќе се натпреваруваат во машка и седум во женска категорија.

Овој турнир речиси пет децении се организира во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП