6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДневникот на машиновозачот на Милош Радовиќ – топлокрвна драма за судбината на...

Дневникот на машиновозачот на Милош Радовиќ – топлокрвна драма за судбината на малиот човек

%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82

Филмот „Дневникот на машиновозачот“ е трет игран филм на Радовиќ после претходните остварувања (Малиот свет 2003, Пад во рајот 2004). Филмот е заснован на бизарен податок за голем број луѓе на кои машиновозачите им ги скратуваат животите, без своја вина.

Во филмот кој жанровски се определува како топла мелодрама со примеси на црн хумор, се зборува за еден т.н. „невин убиец“ кој на својата совест има повеќе од триесет убиства, ненамерни газења . Идејата за човекот кој е принуден да ги убива другите, и притоа ги посетува нивните гробови, им носи цвеќе , создава јак потенцијал на целиот филм, режисерот се поигрува со апсурдот.

Приказната го следи Илија (Лазар Ристовски), човекот кој целиот свој живот работи како машиновозач, а живее во адаптиран стар вагон, каде заедно со своите бивши колеги железничари ги живеат своите скромни егзистенции.

Неговата судбина се вкрстува со судбината на детето Симо (Павле Ериќ, Петар Кораќ), дете кое родителите го напуштиле и го оставиле во кутија за банани пред домот за сирачиња. Нивната средба е еден од оние моменти кога машиновозачот успева да закочи, и нивните судбини на изопштени, отфрлени од општеството се спојуваат. Илија го посвојува Симо и тие еден на друг имаат терапевтско дејство.

Симо тргнува по стапките на Илија , сака да стане машиновозач. Симо има проблеми со растењето, созревањето и неговото прво газење е всушност иницијација во светот на возрасните. Гротескна е сцената кога таткото Илија легнува на шините за синот да го прегази својот и со тоа да го „скрши мразот„.Хуморот на Радовиќ –е црн , шокантно е за гледачите газењето на луѓето , кое на машиновозачите им е дел од работата, и на тие иронични реплики и ситуации почива филмот.На планот на раскажувачката структура има и некои необработени приказни,како приказната за бившата девојка на Илија, Даница(Нина Јанковиќ),која одамна е мртва а Илија ја халуцинира.Во целина гледано,„Дневникот на машиновозачот„ е едно значајно остварување, како на драматуршки,така и на визуелен план.

Сценарио и режија:Милош Радовиќ, – директор на фотографија: Душан Јоксимовиќ, монтажа-Ѓорѓе Марковиќ, сценографија –Аљоша Спајиќ, костимографија-Драгица Лаушевиќ, музика-Мате Матишиќ, улоги:Лазар Ристовски, Петар Кораќ, Мирјана Карановиќ, Нина Јанковиќ, Јасна Ѓуричиќ,Младен Нелевиќ, продукција –Лазар и Петар Ристовски, копродукција:Зилион филм ,Белград, Интер филм, Загреб, со поддршка на филмскиот центар Србија, Покраинскиот секретаријат за култура Војводина, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Еуримаж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП